СЕ ИЗБОРИВМЕ ЗА ПРАВОТО ДА ИМАМЕ НЕЗАВИСНА ДРЖАВА, ИЗЈАВИ КАТАЛОНСКИОТ ЛИДЕР

    СЕ ИЗБОРИВМЕ ЗА ПРАВОТО ДА ИМАМЕ НЕЗАВИСНА ДРЖАВА, ИЗЈАВИ КАТАЛОНСКИОТ ЛИДЕРНајави дека ќе прогласи независност, ако резултатот на референдумот биде „да“. - Карлес Пуигдемонт со својот кабинет (Фото: ЕПА)

    Претседателот на Каталонија, Карлес Пуигдемонт, изјави дека ќе прогласи независност, доколку резултатот на референдумот биде „да“.

    „Со овој ден на надеж и страдање, жителите на Каталонија се изборија за правото да имаат независна држава во форма на република. Ние, Каталонците, заслуживме да не слушне Европа. Европската Унија веќе не може да го игнорира кршењето на човекови права, што го следеше референдумот. Шпанската влада испиша срамна страница во своите односи со Каталонија“, изјави Пуигдемонт во телевизиско обраќање.

    Резултатите од гласањето допрва треба да бидат објавени, а откако ќе се случи тоа, тој рече дека веднаш ќе ги проследи во парламентот, кој за денеска најави вонредна седница. Мадрид од старт го прогласи референдумот за неуставен и најави дека нема да ги признае резултатите.

    Мадрид од старт го прогласи референдумот за неуставен и најави дека нема да ги признае резултатите. – пребројување на гласачките ливчиња на тајни локации (Фото: Ројтерс)

    Регионалното министерство за здравство соопшти дека 844 цивили се повредени во судирите во неделата, додека шпанското министерство за внатрешни работи изјави дека и 33 припадници на полицијата и на цивилната гарда побарале лекарска помош.

    Каталонците на социјалните мрежи го изразија својот гнев поради молкот на Европската Унија, откако ниту еден висок функционер од Брисел не го осуди полициското насилство. Европската Унија претходно застана на страната на Мадрид, истакнувајќи дека референдумот е внатрешно прашање на Шпанија и дека тамошните закони мора да се почитуваат.

    Германската канцеларка Ангела Меркел телефонски му се јавила на шпанскиот премиер Маријано Рахој, барајќи од него објаснување за полициското насилство и за судирите.

    „Шпанската држава многу се компромитираше и ќе заврши на меѓународните судови“, кажа портпаролот на каталонската влада, Жорди Турул.

    Каталонија обезбедува една петина од националниот бруто домашен производ и доколку се отцепи, веќе нема да биде дел од ЕУ, што може да предизвика сериозна финансиска криза во остатокот од Шпанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира