СЕ НАОЃАМЕ НА ВРВОТ НА БИТКАТА, НАВЛЕГУВАМЕ ВО ГРАДОТ ГАЗА, ВЕЛИ НЕТАНЈАХУ

    СЕ НАОЃАМЕ НА ВРВОТ НА БИТКАТА, НАВЛЕГУВАМЕ ВО ГРАДОТ ГАЗА, ВЕЛИ НЕТАНЈАХУПо речиси четири недели израелски воздушни напади и гранатирања бројот на загинати Палестници надмина 9.000 (Фото: АП)

    Израелските сили дополнително напредуваа кон градот Газа во нивниот напад на Хамас во северниот дел на енклавата, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека најголема опасност претставуваат нападите што милитантите ги изведуваат од тунелите.

    Се наоѓаме на врвот на битката. Имавме импресивни успеси и ги поминавме предградијата на градот Газа. Напредуваме“, изјави Нетанјаху.

    Известувачот на Би-Би-Си од Газа објави дека израелската војска се бори со борците на Хамас во пет области на северот на Газа.

    По речиси четири недели интензивни израелски воздушни напади и гранатирања бројот на загинати Палестници надмина 9.000, од кои 3.760 деца и 2.236 жени. Локалните власти кажаа дека најмалку 27 луѓе загинале во експлозија близу училиште во бегалскиот камп Џабалија.

    Нашите сили сега се во срцето на копнената операција во северниот дел на Појасот Газа“, изјави првиот човек на израелската војска Херци Халеви.

    Шефот на израелското воено инженерство Идо Мизрахи кажа дека трупите се во првата фаза од отворањето на пристапни рути кон Газа, но се соочуваат со мини и бројни стапици.

    Хамас научи и добро се подготви. Палестинските милитанти излегуваат од тунелите и пукаат и потоа повторно исчезнуваат во подземната мрежа“, изјави Мизрахи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира