СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС НА АВТОПАТ КАЈ ЛАЈПЦИГ, НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА МРТВИ

    СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС НА АВТОПАТ КАЈ ЛАЈПЦИГ, НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА МРТВИТочните околности на несреќата засега не се познати (Фото: Алами)

    Најмалку петмина луѓе загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг, а има и доста повредени. Автобус на компанијата „Фликсбус“ свртел надесно на прометен автопат пред да се преврти на бок.

    Автобусот со двајца возачи и 53 патници тргнал од Берлин и преку Нирнберг требало да оди за Цирих, рекоа од компанијата. До моментот на несреќата бил во движење два часа.

    „Точните околности на несреќата засега не се познати“, кажаа од „Фликсбус“, која организира автобуски превоз низ Европа и пошироко.

    Голем број амбулантни возила се на местото на несреќата, а на локалните болници им било кажано да се подготват за итна ситуација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира