СЕ РАЗБИРА ДЕКА ЌЕ ИМА МИРЕН ТРАНСФЕР НА ВЛАСТА, ВЕЛИ ЛИДЕРОТ НА РЕПУБЛИКАНЦИТЕ МИЧ МЕКОНЕЛ

    СЕ РАЗБИРА ДЕКА ЌЕ ИМА МИРЕН ТРАНСФЕР НА ВЛАСТА, ВЕЛИ ЛИДЕРОТ НА РЕПУБЛИКАНЦИТЕ МИЧ МЕКОНЕЛТрамп вчера изјави дека не е подготвен да признае пораз (Фото: АП)

    Лидерот на Републиканците Мич Меконел изјави дека не е спорно оти ќе има мирен трансфер на власта доколку Доналд Трамп изгуби од Џо Бајден на претседателските избори, чиј исход е сѐ поизвесен.

    „Се разбира дека ќе има мирно предавање на власта. Тоа го имаме уште од 1792 година, без проблеми ќе се префрлиме на нова администрација“, изјави Меконел.

    Трамп, кој цело време неосновано обвинува за измами и неправилности на изборите поради што губи поддршка и во сопствените редови, вчера изјави дека не е подготвен да признае пораз и дека ќе ја продолжи борбата по судски пат. Тој досега има собрано 214 од потребните 270 електорски гласови и губи во сите сојузни држави кои сѐ уште бројат гласови.

    И медиумите блиски до Трамп почнаа да ја подготвуваат својата публика за негов пораз.

    „Ако и кога ќе дојде време да се прифати непосакуваниот исход на изборите, претседателот Трамп мора да го направи тоа достоинствено и присебно. Неговото наследство ќе биде уште позначајно ако се фокусира на тоа земјата да оди напред“, изјави водителката на „Фокс“, Лора Инграм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира