СЕ РАЗГЛЕДУВА МОЖНОСТА ЗА ИСПРАЌАЊЕ БОРБЕНИ АВИОНИ ВО УКРАИНА, ВЕЛИ ПЕНТАГОН

    СЕ РАЗГЛЕДУВА МОЖНОСТА ЗА ИСПРАЌАЊЕ БОРБЕНИ АВИОНИ ВО УКРАИНА, ВЕЛИ ПЕНТАГОНСАД досега имаат испратено воена помош од 8,2 милијарди долари (Фото: АФП)

    САД ја разгледуваат можноста за испраќање на американски борбени авиони во Украина, додека војната денеска влезе во својот шести месец. Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, кажа дека администрацијата на Бајден ги прави првичните анализи како би се извело тоа, но и признава дека тоа не би можело да се изведе веднаш.

    Тоа не е нешто што би можело да се спроведе во блиска иднина“, изјави Кирби.

    Овој потег би значел значително зголемување на американската воена поддршка за Украина во нејзината војна со Русија. САД досега имаат испратено безбедносна помош во вредност од 8,2 милијарди долари.

    Последниот одобрен пакет е вреден 270 милиони долари, вклучувајќи 100 милиони за дронови.

    Пакетот одобрен од претседателот Бајден ќе содржи 580 беспилотни летала ‘феникс гоуст‘ и четири ракетни системи со долг дострел ХИМАРС“, појасни Кирби.

    Володимир Зеленски кажа дека Украина би можела да ѝ нанесе сериозни загуби на руската војска со помош на западните оружја и да почне контраофанзива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира