СЕ ТРАГА ПО УШТЕ 400 ЧЛЕНОВИ НА КЕНИСКАТА СЕКТА, ЧИЈ ЛИДЕР ИМ НАРЕДИЛ ДА ГЛАДУВААТ ДО СМРТ ЗАШТО ДОАЃА КРАЈ НА СВЕТОТ

    СЕ ТРАГА ПО УШТЕ 400 ЧЛЕНОВИ НА КЕНИСКАТА СЕКТА, ЧИЈ ЛИДЕР ИМ НАРЕДИЛ ДА ГЛАДУВААТ ДО СМРТ ЗАШТО ДОАЃА КРАЈ НА СВЕТОТПол Мекензи предвидел дека светот ќе пропадне на 15 април (Фото: Јутјуб)

    Пол Мекензи, лидерот на кениската секта кој им наредил на своите следбеници да гладуваат до смрт, денеска се појави во суд, додека истражителите и натаму ја пребаруваат шумата во која што досега се ископани 101 тело. Жртвите биле припадници на црквата Добри вести, чиј лидер Мекензи предвидел дека светот ќе пропадне на 15 април, па затоа им наредил на своите следбеници да се убијат со цел први да влезат во рајот.

    Трагичниот биланс засега е на 109 мртви, од кои осуммина починале во болница откако биле пронајдени живи. Меѓу пронајдените тела во масовните гробници има многу деца.

    Кениското министерство за внатрешни работи кажа дека повеќе од 400 луѓе се водат како исчезнати.

    Педесетгодишниот Мекензи, кој е во притвор, досега јавно не ги коментирал обвиненијата против него. Според истражител вклучен во случајот, тој негирал дека им наредил на своите следбеници да гладуваат.

    Мекензи им рекол да се изгладнуваат во пресрет на крајот на светот на 15 април и дека тој ќе биде последниот и ќе ги заклучи вратите“, изјави Стивен Мвити, чии сопруга и шест деца се придружиле на сектата и се верува дека се мртви.

    Мекензи тврди дека ја затворил црквата пред четири години, по речиси две децении постоење. Сепак, стотици негови проповеди и натаму се достапни на интернет, од кои некои биле снимени во последните четири години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира