СЕ УРНА АВИОН СО ПАДОБРАНЦИ ВО ФРАНЦИЈА, 11 ЗАГИНАТИ

    СЕ УРНА АВИОН СО ПАДОБРАНЦИ ВО ФРАНЦИЈА, 11 ЗАГИНАТИАвионот падна ненадејно во непосредна близина на аеродромот (Фото: MAXPPP)

    Единаесетмина луѓе загинаа откако мал авион со падобранци се урна во градот Томблен во источна Франција. Во несреќата загинаа пилотот и десет патници, од кои пет ученици и пет инструктори, соопштија локалните власти. Сите загинати ученици биле медицински сестри.

    Авионот, што го користела школа за падобранци, полетал од регионалниот аеродром „Нанси-Есеј“.

    Ив Сеги, шефот на источниот департман Мерт-ет-Мозел, изјави дека нема повредени минувачи.

    Авионот падна ненадејно во непосредна близина на аеродромот. Неколку метри плус-минус и несреќата можеше да предизвика колатерални жртви“, рече Сеги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира