Најмалку двајца луѓе загинаа откако делумно се урна хотел во германскиот град Креф, додека неколкумина остануваат заглавени под урнатините. Спасувачката операција е во тек, а на терен се повеќе од 200 припадници на итни служби.
Локалната полиција кажа дека во моментот на несреќата во хотелот имало 14-мина луѓе. Од урнатините досега се спасени двегодишно дете и двајца возрасни.
Сместен на брегот на реката Мозел, покривот на хотелот се урнал синоќа околу 23 часот, по што горниот кат паднал врз долниот. Петмина луѓе успеале да избегаат неповредени, но деветмина останале под урнатините.
„Мора да бидеме многу претпазливи, зашто структурата на зградата е како куќа од карти. Ако извлечеме погрешна карта, целата зграда ќе се урне“, изјави локалниот шеф на пожарникарите Јерг Тојш.
Локалните медиуми велат дека оштетената двокатна зграда потекнува од 17. век и била реновирана во 1980-тите, кога уште еден кат бил додаден.