Повеќе луѓе загинале, откако се урна новоизграден пешачки мост на Меѓународниот универзитет Флорида во Мајами.
Деветсто и педесет тони тежок мост, кој беше кренат над булевар, само што беше пуштен во употреба во саботата.
„Пет или шест возила се заглавени под урнатините на мостот. Има неколку загинати и повредени“, изјави портпаролот на противпожарната служба на Мајами.
Спасувачките служби излегоа на терен во потрага по жртви.
„Слушнавме силен тресок зад нас. Погледнавме и видовме дека целиот мост се урнал“, кажа студентката Изабела Караско, која неколку моменти претходно поминала под мостот.
Таа вели дека видела пет-шест возила целосно смачкани од бетонската конструкција.
Мостот бил изграден на барање на студентите и професорите, за да го избегнат сообраќајот и чинел 14,2 милиони долари.