При уривањето на железнички мост во изградба над голема река во Кина загинаа најмалку 12 работници, а четворица се водат како исчезнати, соопштија државните медиуми. Снимките од воздух од официјалната новинска агенција Хсинхуа покажуваат голем дел што недостасува од закривениот лак на мостот. Свиткан дел од палубата на мостот e виснат во реката Хоангхо (Жолта Река).
Шеснаесет работници биле на мостот во северозападната кинеска провинција Ќингхај кога челично јаже се скинало околу 3 часот ноќеска за време на операцијата на затегнување, соопшти Хсинхуа. Во потрагата по исчезнатите биле користени чамци, хеликоптер и роботи.
Мостот е долг 1,6 километри, а неговата палуба е 55 метри над површината на реката.