Силен и плиток земјотрес ја погоди централна Италија рано утрово, оставајќи ги преплашените жители надвор од нивните домови и засега непознат број настрадани, заглавени под урнатините.
Најмалку 21 човек загина како резултат на земјотресот со јачина од 6,2 степени според скалата на Рихтер, потврди “Раи”, сите во трите најтешки погодени села во планираниот дел на централна Италија. Десет лица загинаа во Пескара дел Тронто, шест во Акумоли и пет во Аматриче.
Земјотресот е слики во 3.36 часот на 10 километри северисточно од Норчија и беше почувствуван во Рим на оддалеченост од над 150 километри.
“Земјата се уште се тресе. Се чувствува потрес по потрес. Се слушаат каршпи како паѓаат, но семејствата не се откажуваат од потрагата по најблиските, јави репортерката на “Си-Ен-Ен”.
Во 2009 година, исто така, имаше катастрофален земјотрес во централна Италија во кој загинаа 295 луѓе.