Доналд Трамп изјави дека се вљубил во севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун откако тензиите помеѓу некогашните големи непријатели попуштија оваа година.
„Бев многу, многу тежок, но и тој беше и цело време одевме напред-назад. А, потоа се вљубивме еден во друг, навистина“, кажа Трамп на митингот во Западна Вирџинија, па продолжи:
„Тој ми напиша убави писма и тоа се навистина сјајни писма. И така се вљубивме“.
Според Трамп, тоа што Пјонгјанг прекинал со нуклеарни тестови и со лансирање на проектили е сигурен знак дека неговиот пристап кон Северна Кореја функционира, иако критичарите велат дека нејзината нуклеарна програма сè уште постои во целост.
Очекувајќи критичарите да ги нападнат овие негови љубовни фрази кон Ким, Трамп саркастично возврати:
„Доналд Трамп кажа дека се вљубил. Колку ужасно е тоа? Тоа е толку непретседателски. Отсекогаш сум кажувал дека е лесно да се биде претседател“.