СЕ ЗАСИЛУВА ТУРСКАТА ОФАНЗИВА ПРОТИВ КУРДИТЕ, ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ БЕГААТ ОД СВОИТЕ ДОМОВИ

    СЕ ЗАСИЛУВА ТУРСКАТА ОФАНЗИВА ПРОТИВ КУРДИТЕ, ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ БЕГААТ ОД СВОИТЕ ДОМОВИНезависните извори објавија дека досега загинале десетици цивили и курдски борци, како и еден турски војник (Фото: АП)

    Десетици цивили и борци на Сириските демократски сили загинале додека се засилува турската офанзива во североисточна Сирија, која има за цел да ги избрка Курдите подалеку од границата. Анкара потврди дека загинал и еден турски војник.

    Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови во оваа област, додека меѓународната заедница ја повикува Турција да запре со нападите. Во исто време, републиканците во Претставничкиот дом на САД ги претставија плановите за воведување санкции за Турција, додека Доналд Трамп се понуди да биде посредник.

    Турција ја почна својата офанзива во средата, ден откако американската војска се повлече од тој регион, напуштајќи ги своите довчерашни курдски сојузници, со кои заедно ја поразија Исламска држава.

    Анкара ја правда офанзивата со тоа што планира да создаде сигурна зона во пограничниот регион, од каде што сака да ги избрка курдските милиции и таму да пресели два милиона сириски бегалци, кои моментално се во Турција.

    Турските сили ги окружија пограничните градови Рас ал-Аин и Тал Абјад и курдскиот Црвен крст објави дека загинале 11 цивили, а 28 се сериозно повредени. Најмалку пет луѓе загинале и во курдското бомбардирање на пограничните градови во Турција. Сириската опсерваторија за човекови права наведе дека турските сили освоиле десет села и најави можен егзодус на стотици илјади цивили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира