Американскиот секретар за одбрана Џин Матис си заминува од кабинетот на Доналд Трамп, откако ноќеска поднесе оставка поради, како што вели во писмото, разлики во политиките со претседателот.
Трамп твитна за неговата оставка, велејќи дека генералот ќе се замине со почести на крајот на февруари. Оставката на Матис доаѓа еден ден по контроверзната најава на Трамп дека американските војници ќе бидат повлечени од Сирија.
Иако во писмото со оставката Матис не го спомена директно повлекувањето на трупите од Сирија, претходно предупреди дека повлекување од земјата ќе биде стратешка грешка.
Лидерот на републиканците во Сенатот Мич Мекконел кажа дека е потресен од оставката на Матис, посебно што е поради големи разлики што ги имал генералот Матис со претседателот.
Трамп не именуваше наследник на функцијата, но кажа дека тоа ќе се случи набрзо.