СЕМЕЈСТВОТО НА БРИТАНЕЦОТ УБИЕН ОД ТИГАР ГО КРИТИКУВАШЕ ТРАМП ЗА СПОДЕЛУВАЊЕТО НА ВИДЕОТО ОД ИНЦИДЕНТОТ, ОБЈАВИ И СВОЈА ВЕРЗИЈА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

    СЕМЕЈСТВОТО НА БРИТАНЕЦОТ УБИЕН ОД ТИГАР ГО КРИТИКУВАШЕ ТРАМП ЗА СПОДЕЛУВАЊЕТО НА ВИДЕОТО ОД ИНЦИДЕНТОТ, ОБЈАВИ И СВОЈА ВЕРЗИЈА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАсмртоносниот напад се случи викендов во паркот за диви животни во Јоркшир (Фото: ДПА)

    Семејството на Вилијам Чепмен, 23-годишниот Британец кој беше убиен од тигар во парк за диви животни, изјави дека „длабоко навредливата медиумска содржина им предизвикува сериозна вознемиреност“, откако и Доналд Трамп го сподели видеото од трагичниот инцидент.

    Трамп објави снимка од смртоносниот напад во паркот за диви животни во Јоркшир, споделувајќи го со своите 13 милиони следбеници на Трут соушл. Во краткиот клип се гледа како тигарот го гризе и гребе Чепмен додека тој седи во оградениот простор, но не и како го убива. Видеото го проследи со пораката: „Никогаш не се задевај со природата!“.

    Трамп потоа објави уште неколку видеа од напади на тигрови и лавови врз луѓе, вклучувајќи едно генерирано од вештачка интелигенција, во кое самиот се бори со тигар, имитирајќи го инцидентот со Чепмен. Видеото завршува така што Трамп го прегрнува тигарот.

    Семејството на Чепмен ги критикуваше онлајн реакциите на неговата смрт и се запраша каква улога одиграле во инцидентот неговата ментална болест и препишаните силни лекови.

    Чепмен беше нападнат кога влегол во живеалиштето за тигри.

    „За жал, Вилијам страдаше од сериозна ментална болест неколку години и како последица на тоа, му беа препишани силни лекови. Судскиот вештак ќе треба да утврди каква улога одиграло ова во неговата смрт.“, соопшти семејството на Чепмен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира