СЕРЕНА ВИЛИЈАМС СЕ ПОЖАЛИ ДЕКА НЕ ЈА ПУШТИЛЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО РЕСТОРАН ВО ПАРИЗ ИАКО ИМАЛО СЛОБОДНИ МЕСТА

    СЕРЕНА ВИЛИЈАМС СЕ ПОЖАЛИ ДЕКА НЕ ЈА ПУШТИЛЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО РЕСТОРАН ВО ПАРИЗ ИАКО ИМАЛО СЛОБОДНИ МЕСТАОд хотелот со пет ѕвезди ѝ се извинија на Вилијамс (Фото: АП)

    Серена Вилијамс јавно ја изрази својата разочараност откако не ѝ било дозволено да јаде во еден ексклузивен ресторан во Париз, иако имало слободни места. Таа била со своите две деца, кога сакала да влезе во барот на покривот на хотелот „Пенинсула“.

    „И порано ми се случувало да не ме пуштат во ресторан, но никогаш кога сум била со децата. Секогаш мора да има првпат“, се пожали Вилијамс на Икс.

    Од хотелот со пет ѕвезди ѝ се извинија на Вилијамс и ѝ објаснија дека во барот всушност немало слободни места.

    „Прифатете го нашето најискрено извинување за разочараноста што ја доживеавте вечерва. За жал, нашиот бар беше целосно резервиран, а слободните места што ги видовте му припаѓаат на нашиот ресторан, кој исто така беше целосно резервиран. Секогаш ќе ни биде чест да ве нагостиме“, објави хотелот на Икс.

    Еден вработен во ресторанот изјави дека Вилијамс изгледала непрепознатливо кога дошла со уште една жена и количка.

    „Кога таа дојде, имаше само две маси на располагање и тие беа резервирани од клиентите на хотелот. Мојот колега не ја препозна и се чувствува ужасно, но ѝ кажа што би му рекол на секој друг клиент, а тоа е да почека долу во барот додека не се ослободи маса. Тоа не беше апсолутно ништо лично“, изјави изворот од ресторанот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира