Доналд Трамп вели дека е многу сериозен околу тоа дека Канада треба да стане 51. сојузна држава на САД. Запрашан дали неговите изјави за анексија на Канада се вистинска работа, Трамп одговори:
„Да, се. Мислам дека на Канада би ѝ било многу подобро ако стане 51. држава, зашто ние губиме 200 милијарди долари годишно поради неа. Нема да дозволам тоа да се случува. Зошто да плаќаме 200 милијарди долари годишно, што е всушност субвенција за Канада“, кажа Трамп во интервјуто за „Фокс њуз“.
Идејата дека Канада би требала да стане 51. американска сојузна држава не е добро прифатена меѓу Канаѓаните. Премиерот Џастин Трудо во петокот кажа дека заканите од Трамп се реални и поврзани со желбата на САД да добијат пристап до канадските резерви на природни суровини.
„Трамп смета дека најлесниот начин да го оствари тоа е ако ја апсорбира нашата земја и од разговорите со него сфатив дека е сериозен. Тие се свесни што поседуваме и колку корист би можеле да имаат од тоа“, рече Трудо.
Трамп смета дека Канада не е одржлива како земја без американска трговија и предупреди дека таа веќе не може да зависи од воената заштита од САД.
„Тие не плаќаат многу за војската. Причината за тоа е што мислат дека ние ќе ги заштитиме. Но, зошто ние би штителе друга држава?“, кажа Трамп.
Тој прво воведе царини од 25% за Канада, но во последен момент ја одложи мерката за 30 дена.