Доналд Трамп изјави дека сериозно размислува за повлекување на САД од НАТО и ја доведе во прашање смислата на западната воена алијанса.
„Тоа е вредно за преиспитување“, кажа Трамп во интервјуто за „Телеграф“ откако го прашаа дали би размислил за натамошното членство на САД во НАТО по завршувањето на војната на Блискиот Исток.
Toj се судира со европските сојузници од НАТО од самиот почеток на војната и ги критикува што не им помагаат на САД, особено околу обезбедувањето на Ормускиот Теснец.
„Никогаш не сум бил уверен во НАТО. Отсекогаш сум знаел дека е тигар од хартија, и Путин добро го знае тоа“, рече Трамп.
И државниот секретар Марко Рубио кажа дека САД можеби ќе треба да го преиспитаат своето членство во НАТО откако ќе заврши војната против Иран.
Трамп истовремено го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер поради одбивањето да ги поддржи САД во војната и ја омаловажуваше британската војска.
„Немате дури ни морнарица. Премногу сте стари и имате носачи на авиони кои не работат“, кажа Трамп.



