СЕВЕРНА КОРЕЈА ГИ РАЗНЕСЕ ПАТИШТАТА КОИ ВОДАТ КОН ЈУЖНА КОРЕЈА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ГИ РАЗНЕСЕ ПАТИШТАТА КОИ ВОДАТ КОН ЈУЖНА КОРЕЈАОва е дел од напорите на Ким Џонг Ун да ги прекине сите врски со Јужна Кореја (Фото: АП)

    Северна Кореја ги разнесе северните делови од меѓукорејските патишта и го обвини својот сосед дека летал дронови над Пјонгјанг, кои фрлале пропагандни летоци. Уништувањето на патиштата е дел од напорите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да ги прекине сите врски со Јужна Кореја, откако претходно се откажа од целта за мирно обединување на полуостровот.

    Војската на Јужна Кореја кажа дека испукала предупредувачки истрели како одговор на експлозиите. Таа додаде дека ги засилува надзорот и својата борбена готовност во координација со САД, иако експертите сметаат дека е малку веројатно дека Ким би наредил големи напади врз Јужна Кореја зашто тоа би резултирало со далеку помоќен одговор.

    Видео објавено од војската на Јужна Кореја покажува облак од чад како се издигнува над местото на експлозијата на патот кај пограничниот град Каесонг, а слична снимка е објавена и од крајбрежен пат близу источната граница на Кореја.

    Минатата недела, Северна Кореја кажа дека трајно ќе ја запечати својата јужна граница како одговор на воените вежби во Јужна Кореја во кои учествуваат и САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира