СЕВЕРНА КОРЕЈА ГО ЛАНСИРАШЕ СВОЈОТ НАЈМОЌЕН ПРОЕКТИЛ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ГО ЛАНСИРАШЕ СВОЈОТ НАЈМОЌЕН ПРОЕКТИЛ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛПроектилот летал 73 минути и поминал дистанца од околу 1.000 километри (Фото: ЕПА)

    Северна Кореја ја испукала својата најнапредна ракета со долг дострел досега, потврдија јужнокорејски функционери. Лансирањето на интерконтиненталната балистичка ракета со цврсто гориво, која паднала западно од јапонскиот остров Хокаидо, беше осудено од западот.

    Ова следува откако претставници на министерствата за одбрана на САД и Јужна Кореја се сретнаа минатата недела за да разговараат за тоа како да се одговори на нуклеарни закани од Пјонгјанг. Оттаму кажаа дека ќе возвратат со „поофанзивни контрамерки“.

    Официјални лица од Јужна Кореја и Јапонија кажаа дека проектилот летал 73 минути и поминал дистанца од околу 1.000 километри. Овие проектили имаат способност да го погодат и северноамериканскиот континент и ова беше петто вакво лансирање од Северна Кореја оваа година.

    Јужна Кореја потврди дека проектилот што сега бил лансиран имал погон на цврсто гориво. Вакви проектили можат да се испукуваат со помалку предупредување.

    Тензиите помеѓу двете Кореи пораснаа откако Пјонгјанг минатиот месец успешно лансираше шпионски сателит во вселената.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира