СЕВЕРНА КОРЕЈА ГО УРНАЛА СПОМЕНИКОТ ВО ПЈОНГЈАНГ КОЈ БЕШЕ СИМБОЛ НА ОБЕДИНУВАЊЕТО СО ЈУЖНА КОРЕЈА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ГО УРНАЛА СПОМЕНИКОТ ВО ПЈОНГЈАНГ КОЈ БЕШЕ СИМБОЛ НА ОБЕДИНУВАЊЕТО СО ЈУЖНА КОРЕЈАТриесет метри високиот споменик беше изграден по историскиот меѓукорејски самит во 2000

    Северна Кореја го урнала големиот споменик во Пјонгјанг кој ги симболизираше надежите за обединување на двете Кории. Ова беше најавено од лидерот Ким Џонг Ун минатата недела, кога порача дека обединувањето веќе не е можно.

    Сателитски снимки покажуваат дека споменикот „Лак на обединувањето“ веќе го нема, објави сајтот „НК њуз“, кој ги следи настаните во Северна Кореја. Триесет метри високиот споменик беше изграден по историскиот меѓукорејски самит во 2000 година.

    Ким го опиша споменикот како „очобол“ во говорот во Врховното народно собрание на 15 јануари, кога кажа дека уставот на Северна Кореја треба да се промени со цел Јужна Кореја да се означи како примарен непријател.

    Тензиите на корејскиот полуостров пораснаа по заедничките воени вежби на САД, Јапонија и Јужна Кореја, кои беа одговор на севернокорејските тестирања на оружја. Северна Кореја притоа кажа дека се спрема за нуклеарна војна против своите непријатели.

    Ким претходно укина владини агенции кои со децении имаа клучна улога во комуникацијата со Сеул.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира