Северна Кореја испукала повеќе од 200 артилериски гранати кон јужнокорејскиот остров Јеонпјеонг, објави војската на Јужна Кореја. Сеул веднаш издал предупредување за евакуација на цивилите на островот, како и на соседниот остров Баенгјеонг.
Јужна Кореја го осуди пукањето, нарекувајќи го чин на провокација.
Во 2010, Северна Кореја испука десетици гранати кон Јеонпјеонг, при што загинаа четворица луѓе.
Денешното пукање траело околу два часа, при што гранатите не влегле на јужнокорејска територија, туку паднале во неутралната зона меѓу двете земји. Војската на Јужна Кореја кажа дека во инцидентот немало штети, но додаде дека ова претставува закана за мирот на корејскиот полуостров и ги крева тензиите.
Гранатирањето доаѓа откако Северна Кореја предупреди дека ќе го зголеми својот воен и нуклеарен арсенал, истакнувајќи дека војна на полуостровот е неизбежна.
Јеонпјеонг е дом на воена база и на 2.000 цивили и се наоѓа само три километри од спорната граница во Жолтото Море и 12 километри од Северна Кореја.