СЕВЕРНА КОРЕЈА ОДРЖА ПАРАДА ВО ЗАШТИТНИ ОДЕЛА ЗА 73. РОДЕНДЕН НА ДРЖАВАТА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ОДРЖА ПАРАДА ВО ЗАШТИТНИ ОДЕЛА ЗА 73. РОДЕНДЕН НА ДРЖАВАТАОвојпат, на парадата немаше балистички проектили (Фото: ЕПА)

    Северна Кореја одржа воена парада за да одбележи 73 години од основањето на државата, но притоа не покажа никакви балистички проектили. Место тоа, државните медиуми објавија фотографии на кои што војници и работници маршираат во заштитни одела.

    На парадата присуствуваше и лидерот Ким Џонг-ун, кој изгледаше значително ослабнат.

    Лидерот Ким Џонг-ун се појави видно ослабнат на парадата

    Покрај трактори, пожарникарски возила и огномет, дел од парадата беа и луѓе кои носеа портокалови заштитни одела и гас-маски, што, според аналитичарите, би можело да биде знак дека земјата формирала специјални сили за спречување на ширењето на коронавирусот.

    До 19 август, во Северна Кореја не бил забележан ниеден случај на коронавирус, според Светската здравствена организација, иако критичарите сметаат дека тоа е малку можно. Досега биле тестирани повеќе од 37.200 луѓе, но не бил откриен ниеден позитивен тест, се вели во неделниот извештај на СЗО.

    Во исто време, Ким призна дека земјата се соочува со недостиг од храна среде голема економска криза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира