СЕВЕРНА КОРЕЈА ОСТВАРИ БЛЕСКАВ УСПЕХ ВО СПРАВУВАЊЕТО СО КОВИД-19 И НЕМА НИЕДЕН ЗАРАЗЕН, ТВРДИ КИМ ЏОНГ-УН

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ОСТВАРИ БЛЕСКАВ УСПЕХ ВО СПРАВУВАЊЕТО СО КОВИД-19 И НЕМА НИЕДЕН ЗАРАЗЕН, ТВРДИ КИМ ЏОНГ-УНКим ги запечати границите на Северна Кореја уште на крајот на јануари (Фото: Гети)

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го поздрави блескавиот успех на неговата земја во справувањето со коронавирусот, објави државната агенција КЦНА.

    Зборувајќи на состанокот на политбирото, тој кажал дека „земјата го спречила ширењето на смртоносниот вирус и одржала стабилна ситуација“.

    Северна Кореја ги затвори своите граници пред шест месеци и стави десетици илјади луѓе во изолација, но и натаму тврди дека досега немала ниеден случај на зараза. Аналитичарите сметаат дека ова е малку веројатно, имајќи предвид дека граничи со Кина, со која одржува трговска размена.

    „Тој ја нагласи важноста да се остане максимално претпазлив и да нема опуштање на фронтот против епидемијата, додавајќи дека олеснувањето на мерките ќе доведе до незамислива криза“, објави КЦНА.

    Откако ги запечати своите граници на крајот на јануари, малку луѓе имаат влезено или излезено од земјата. Училиштата во меѓувреме повторно биле отворени, но големи јавни собири се забранети, а носењето маска е задолжително на јавни места, се вели во извештајот на Светската здравствена организација од 1 јули. Оттаму велат дека во Северна Кореја досега биле направени само 922 теста за коронавирус и наводно сите биле негативни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира