СЕВЕРНА КОРЕЈА ПОДГОТВЕНА ДА ЈА ЗАМРЗНЕ СВОЈАТА НУКЛЕАРНА ПРОГРАМА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ПОДГОТВЕНА ДА ЈА ЗАМРЗНЕ СВОЈАТА НУКЛЕАРНА ПРОГРАМАНајави целосно попуштање во својата политика. - Ким Џонг-Ун со специјалниот советник на јужнокорејскиот претседател (Фото: АП)

    Северна Кореја најави замрзнување на тестирања на нуклеарни оружја и проектили, доколку САД се согласат на директни разговори.

    Ова го објави специјалниот советник за национална безбедност на јужнокорејскиот претседател, додавајќи дека Северна Кореја е подготвена на отворен разговор со САД на тема денуклеаризација на земјата и нормализирање на односите помеѓу Пјонгјанг и Вашингтон.

    Според Чунг Еуи-Јонг, Пјонгјанг јасно ставил на знаење дека нема да му треба нуклеарно оружје доколку нема воени закани од САД и добие безбедносни гаранции.

    Северна Кореја, исто така, ветила дека нема да употреби никакво оружје против својот јужен сосед.

    Истовремено, Јужна Кореја се согласила да одржи средба со Северна Кореја на највисоко ниво наредниот месец. Најавено е дека лидерите на двете земји ќе се сретнат во пограничната демилитаризирана зона во Панмунџон кон крајот на април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира