СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА НУКЛЕАРНА СИЛА КОЈА МОЖЕ ДА ИЗВЕДЕ АТОМСКИ НАПАД

    СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА НУКЛЕАРНА СИЛА КОЈА МОЖЕ ДА ИЗВЕДЕ АТОМСКИ НАПАДим Џонг-ун ја отфрли можноста за какви било разговори за денуклеаризација (Фото: АП)

    Северна Кореја усвои закон со кој се прогласи за нуклеарна сила, објави државната новинска агенција КЦНА. Лидерот Ким Џонг-ун ја опиша одлуката како неповратна и ја отфрли можноста за какви било разговори за денуклеаризација на земјата.

    Законот ѝ дозволува на државата да изведе превентивен нуклеарен напад за да се заштити.

    Со овој закон се повлекува линија на неповратност, што значи дека нема ценкање околу нашето нуклеарно оружје“, рекол Ким пред пратениците.

    И покрај тешките санкции, Северна Кореја изведе шест нуклеарни теста меѓу 2006 и 2017 и продолжи да ги унапредува своите воени способности и да им се заканува на соседите и САД. Западните извори велат дека Северна Кореја се подготвува да продолжи со нуклеарните проби.

    Северна Кореја ги одби понудите за нови средби со претседателите на САД и Јужна Кореја, сметајќи дека тие и нивните сојузници продолжуваат да водат непријателска политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира