СЕВЕРНА КОРЕЈА ТВРДИ ДЕКА ТЕСТИРАЛА ПОДВОДЕН ДРОН КОЈ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА РАДИОАКТИВНО ЦУНАМИ

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ТВРДИ ДЕКА ТЕСТИРАЛА ПОДВОДЕН ДРОН КОЈ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА РАДИОАКТИВНО ЦУНАМИСевернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун го надгледуваше тестирањето на новото оружје (Фото: ЕПА)

    Северна Кореја објави дека тестирала подводен дрон кој има способност да предизвика радиоактивно цунами. Државната новинска агенција КЦНА кажа дека тајното оружје биле пуштено во водите покрај брегот на провинцијата Јужен Хамгјонг.

    Дронот се движеше 59 часа на длабочина од 80 до 150 метри и беше детониран покрај источниот брег“, стои во извештајот.

    Сепак, аналитичарите се сомничави дека Северна Кореја има капацитети за развој на нови оружја.

    Наречен ‘хаеил‘, што на корејски значи цунами, овој нуклеарен подводен дрон е дизајниран да напаѓа непријателски пловила и пристаништа и да активира радиоактивен бран од голем обем, објави КЦНА. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, кој го надгледуваше тестот, изјави дека ова треба да послужи како предупредување за САД и Јужна Кореја.

    Тие треба да сфатат дека нашите неограничени способности за одвраќање на нуклеарна војна се зајакнуваат со голема брзина“, кажа тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира