ШЕФОТ НА СИ-ЕН-ЕН ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ЉУБОВНА ВРСКА СО КОЛЕШКА

    ШЕФОТ НА СИ-ЕН-ЕН ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ЉУБОВНА ВРСКА СО КОЛЕШКАЏеф Закер важи за еден од најмоќните луѓе во американските медиуми (Фото: АП)

    Првиот човек на медиумскиот гигант Си-Ен-Ен, Џеф Закер, поднесе оставка зашто не пријавил дека е во љубовна врска со колешка. Педесет и шестгодишниот Закер, кој важи за еден од најмоќните луѓе во американските медиуми, изјави дека згрешил што не ја пријавил врската како што се бара.

    Врската била откриена за време на истрагата против бившиот водител Крис Куомо, кој е брат на поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо. Закер кажал дека работел со колешката две децении и дека врската се развила во друг правец во изминатите години.

    „Имав обврска да ја пријавам врската уште кога почна, но не го сторив тоа. Згрешив. Како резултат на тоа, поднесувам оставка денеска“, изјави Закер.

    Тој не открил со кого е во врска, но Си-Ен-Ен кажа дека станува збор за Алисон Голаст, извршната потпретседателка и шефица на маркетингот на ТВ-мрежата.

    „Џеф и јас бевме блиски пријатели и професионални партнери повеќе од 20 години. Нашиот однос се смени за време на пандемијата. Жалам што не ја пријавивме врската на време“, изјави Голаст.

    Закер дојде во Си-Ен-Ен во 2013 и под негово водство, телевизијата постигна рекордна гледност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира