ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ СЕДУММИНАТА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА ПЛОШТАДОТ ВО ЧЕРНИХИВ

    ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ СЕДУММИНАТА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА ПЛОШТАДОТ ВО ЧЕРНИХИВВо нападот е оштетен и Драмскиот театар во Чернихив. (Фото: Украинска полиција)

    Седуммина загинаа, меѓу нив и 6-годишно дете, а над 100 се повредени откако руска ракета денеска го погоди централниот плоштад во северниот украински град Черхинив, соопшти украинското министерство за внатрешни работи.

    Луѓето одеа кон црква да прослават религиозен празник кога се случи нападот, додадоа од министерството.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот и побара од светот да му се спротивстави на руското насилство.

    „Денеска, руска ракета удри во срцето на Чернихив. Плоштад, универзитет и театар. Русија претвори една обична сабота во ден на болка и загуба. Има жртви“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира