ШЕСТМИНА ЗАГИНАА, 30 СЕ ИСЧЕЗНАТИ, А 6 КУЌИ СЕ УРНАА ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА

    ШЕСТМИНА ЗАГИНАА, 30 СЕ ИСЧЕЗНАТИ, А 6 КУЌИ СЕ УРНАА ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ГЕРМАНИЈАСилните врнежи низ цела западна Германија предизвикаа материјални штети, затворања на автопатите и масовни евакуации. (Фото: АП)

    Шестмина загинаа, 30 се исчезнати, а 6 куќи се урнаа во поплавите во западна Германија изминатава ноќ. Состојбата е најкритична во руралниот регион Ајфел во сојузната држава Рајнланд-Палатинате, каде има 4 загинати.

    Целата област е тешко погодена од невремето, вели полицијата. Неколку населени места се отсечени поради поплавите.

    Силните врнежи низ цела западна Германија предизвикаа материјални штети, затворања на автопатите и масовни евакуации. Исто така, тешко погодена од силни врнежи е и државата Северна Рајна-Вестфалија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира