ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР ВО АВТОБУС ВО ШВАЈЦАРИЈА, ПАТНИК НАВОДНО СЕ ПОЛЕАЛ СО БЕНЗИН

    ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР ВО АВТОБУС ВО ШВАЈЦАРИЈА, ПАТНИК НАВОДНО СЕ ПОЛЕАЛ СО БЕНЗИНПолицијата го третира пожарот како инцидент предизвикан од човек (Фото: Швајцарска полиција)

    Најмалку шест луѓе загинаа откако се запали автобус во град во западна Швајцарија. Несреќата се случи во центарот на Керцерс, 20 километри од главниот град Берн.

    Полицијата кажа дека уште три лица се превезени во болница. Таа не ја потврди причината за пожарот и дали бил подметнат.

    Според некои извештаи, еден патник се полеал со бензин и се запалил, но властите засега не ја потврдија оваа верзија. Автобусот патувал на локални дестинации.

    Полицијата во моментов го третира пожарот како инцидент предизвикан од човек, па дури и како намерен чин. Не се вклучени други возила, само автобусот, кој во еден момент се запалил. Најмалку пет луѓе се повредени, од кои три сериозно“, рече регионалниот шеф на полицијата Фредерик Папу, кој не можеше да каже колку луѓе имало во автобусот.

    Ова се случи речиси два и пол месеци по катастрофалниот пожар во бар во Кран-Монтана, кога загинаа 41 лице.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира