ШЈИ ЏИНПИНГ ЌЕ ГИ ПОСЕТИ ФРАНЦИЈА, УНГАРИЈА И СРБИЈА ДОДЕКА КИНА СЕ ОБИДУВА ДА ИЗБЕГНЕ ТРГОВСКА ВОЈНА СО ЕУ

    ШЈИ ЏИНПИНГ ЌЕ ГИ ПОСЕТИ ФРАНЦИЈА, УНГАРИЈА И СРБИЈА ДОДЕКА КИНА СЕ ОБИДУВА ДА ИЗБЕГНЕ ТРГОВСКА ВОЈНА СО ЕУПрвата станица на Шји ќе биде Париз, каде што в понеделник ќе се сретне со Емануел Макрон и Урсула фон дер Лајен (Фото: АП)

    Кинескиот претседател Шји Џинпинг ќе ја посети Европа следната недела за првпат во последните пет години, а турнејата ќе ги опфати Франција, Унгарија и Србија. Посетата доаѓа додека Кина се обидува да избегне трговска војна со Европската Унија, чиј однос кон Пекинг се заостри поради бројните шпионски скандали и кинеската поддршка на Русија во војната со Украина.

    Првата станица на Шји ќе биде Париз, каде што в понеделник ќе се сретне со Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во септември, Фон дер Лајен изјави дека светските пазари се преплавени со евтини кинески електрични автомобили чии цени вештачки се одржуваат ниски благодарение на големите државни субвенции, а пред два дена, Европската комисија најави дека во јуни би можеле да бидат воведени тарифи за кинеските електрични автомобили.

    Кина не може да си дозволи нови ограничувања на европскиот пазар, но во исто време, нема понуда за Европа“, изјави аналитичарката Абигејл Васелие.

    Минатата година, ЕУ увезла електрични возила од Кина во вредност од 11,5 милијарди евра, па тарифите би биле голем проблем за Пекинг.

    Шји ќе го посети и еден од своите најголеми сојузници во Европа, Виктор Орбан. Унгарија е најголемата база на „Хуавеи“ надвор од Кина, а таму наскоро ќе се гради и првата европска фабрика на кинеските автомобили „BYD“.

    Посетата на Србија е повеќе симболична и се случува на 25-годишнината од бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград од страна на НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира