ШЈИ ЏИНПИНГ НЕ МУ ДАДЕ ПОДДРШКА НА ПУТИН ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, НО КАЖА ДЕКА ЗАЕДНО МОЖАТ ДА ОБЛИКУВААТ НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК

    ШЈИ ЏИНПИНГ НЕ МУ ДАДЕ ПОДДРШКА НА ПУТИН ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, НО КАЖА ДЕКА ЗАЕДНО МОЖАТ ДА ОБЛИКУВААТ НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОКШји не му даде директна поддршка на Путин за неговата војна во Украина (Фото: АП)

    Кинескиот лидер Шји Џинпинг ја напушти Москва откако во изминатите два дена изразуваше голема солидарност со Владимир Путин во неговото спротивставување на западот и кажа дека заедно ќе работат на обликувањето на нов светски поредок.

    За време на посетата, Шји едвај ја спомна војната во Украина и во завршните забелешки кажа дека Кина ќе задржи непристрасна позиција. Двајцата лидери кажаа дека разговарале за кинескиот мировен план, но Шји не му даде директна поддршка на Путин за неговата војна во Украина.

    Сега се случуваат промени какви што не се видени во изминатите 100 години. Заедно можеме да ги поттикнуваме овие промени“, кажа Шји на заминување.

    Коментирајќи ги средбите Шји-Путин, Белата куќа кажа дека позицијата на Кина не е непристрасна и ја повика да ја притисне Русија да ја повлече својата војска од територијата на Украина.

    Додека Шји беше во Москва, руските сили лансираа воздушен напад со 21 ирански дрон, при што загинаа три лица“, соопшти украинската војска.

    Шји и Путин се ословуваа еден со друг со „драг пријател“ и ветија дека ќе ја засилат економската соработка, опишувајќи ги меѓусебните односи како најдобри во историјата. Путин го фалеше кинескиот мировен план и кажа дека може да биде основа за преговори, но „само кога Киев и западот ќе бидат подготвени“. Кинескиот план од 12 точки не нуди конкретни детали како да се заврши војната, ниту, пак, ја повикува Русија да ја повлече војската од Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира