ШОЈГУ ГИ ПОСЕТИ РУСКИТЕ ТРУПИ ВО УКРАИНА ЗА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА СÈ УШТЕ Е ГЛАВЕН ПО ПОБУНАТА НА „ВАГНЕР“

    ШОЈГУ ГИ ПОСЕТИ РУСКИТЕ ТРУПИ ВО УКРАИНА ЗА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА СÈ УШТЕ Е ГЛАВЕН ПО ПОБУНАТА НА „ВАГНЕР“Русија се обидува да ја поврати смиреноста по најголемата безбедносна криза во последните децении (Фото: АП)

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети руските трупи кои се борат во Украина, што е негово прво појавување во јавност по побуната на платениците на „Вагнер“. Шојгу досега јавно не ја коментираше побуната, за време на која Евгени Пригожин бараше да се сретне со него во Ростов на Дон, кој во саботата беше под контрола на бунтовниците.

    Руските државни медиуми не кажаа каде и кога се случила посетата, што, според аналитичарите, требало да покаже дека Шојгу и натаму е главен.

    Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово ги укина противтерористичките мерки кои беа прогласени во саботата, додека конвојот на „Вагнер“ се ближеше кон главниот град. Рускиот антитерористички комитет заклучи дека ситуацијата во земјата е стабилна.

    Русија се обидува да ја поврати смиреноста откако се соочи со најголемата безбедносна криза во последните децении, во која илјадници тешко вооружени платеници на „Вагнер“ тргнаа кон Москва, со цел да го соборат „корумпираното и некомпетентно“ раководство на руската војска на чело со Шојгу. Тие запреа на 200 километри од градот, откако Пригожин го прифати договорот на белорускиот лидер Лукашенко.

    И Путин сè уште не се појавил во јавност од прекинот на побуната. Најавено е дека оваа недела ќе присуствува на состанок на рускиот Совет за безбедност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира