ШОЛЦ ИЗНЕНАДУВАЧКИ ГО ПОСЕТИ КИЕВ И ВЕТИ ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ОД 650 МИЛИОНИ ЕВРА

    ШОЛЦ ИЗНЕНАДУВАЧКИ ГО ПОСЕТИ КИЕВ И ВЕТИ ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ОД 650 МИЛИОНИ ЕВРАОва е втора посета на Шолц на Украина од почетокот на војната (Фото: АП)

    Германскиот канцелар Олаф Шолц дојде во изненадувачка посета на Киев и вети дека неговата земја ќе остане најголемиот поддржувач на Украина во Европа. Тој истовремено вети испорака на воена помош од 650 милиони евра.

    Ова е втора посета на Шолц на Украина од почетокот на војната и доаѓа во неизвесни времиња додека се очекува враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, а руските сили силно напредуваат на источниот фронт. Шолц ќе има разговори со Володимир Зеленски, кој оваа недела во Брисел повторно ќе го притиска НАТО да ја покани Украина во своето членство.

    Иако Германија е вториот најголем снабдувач на Украина со оружје, по САД, Шолц одбива да ѝ даде крстосувачки ракети „таурус“, стравувајќи дека тоа би можело да ја вовлече Германија директно во војната. Шолц исто така беше критикуван за неодамнешниот телефонски разговор со Владимир Путин.

    „Германија ќе остане најголемиот поддржувач на Украина од Европа. Нова воена помош од 650 милиони долари ќе биде испорачана овој месец“, напиша Шолц на Икс.

    Додека Шолц е во Киев, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок е во посета на Пекинг.

    „Владимир Путин не само што го уништува мирот во Европа, туку и ја вовлекува Азија во војната во Украина преку Северна Кореја. Тоа не би требало да е во интерес на Кина“, изјави Бербок и ја повика Кина да помогне да се стави крај на војната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира