ШПАНИЈА ЈА АНГАЖИРА ВОЈСКАТА ЗА ДА ГИ СОБИРА ПОЧИНАТИТЕ ОД КОВИД-19

    ШПАНИЈА ЈА АНГАЖИРА ВОЈСКАТА ЗА ДА ГИ СОБИРА ПОЧИНАТИТЕ ОД КОВИД-19Мадрид го пренамени градското лизгалиште во привремена мртовечница (Фото: ЕПА)

    Шпанија ќе ја ангажира војската за превоз на починатите од КОВИД-19, изјави министерот за здравство, откако земјата го имаше најсмртоносниот ден од почетокот на кризата.

    Шпанската војска ќе мора да се стави на располагање поради наглото зголемување на бројот на мртви и недостигот на слободни гробни места.

    Во Шпанија вчера починаа 832 луѓе, најмногу во еден ден за време на пандемијата на коронавирусот, додека вкупната бројка порасна на 5.690 и повеќе има само во Италија.

    „Војската ќе биде ангажирана додека е на сила вонредна состојба“, објавија властите.

    Минатата недела, таа беше продолжена најмалку до 12 април.

    Мадрид е најпогодената област во земјата и тука се забележани половина од смртните случаи. Како резултат на тоа, Мадрид неодамна го пренамени градското лизгалиште во привремена мртовечница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира