Петти ден по ред, во Шпанија има повеќе од 800 мртви од КОВИД-19, при што денешната бројка од 864 починати претставува нов црн рекорд.
Шпанија со тоа ја надмина бројката од 9.000 починати од КОВИД-19 и таа сега изнесува 9.053.
Министерството за здравство објави дека во земјата има и 6.213 новозаразени, а вкупно 102.136 досега, со што Шпанија забрзано се доближува до Италија. Речиси 5.900 луѓе се на интензивна нега.
Излекувани се повеќе од 22.500 пациенти.