За првпат од март, Шпанија не пријави ниеден смртен случај од КОВИД-19 во еден 24-часовен период.
„Ова е многу, многу охрабрувачко“, изјави координаторот на итните служби Фернандо Симон.
Тој додаде дека во последните 24 часа се потврдени само 71 нов случај на коронавирус.
„Мислам дека се наоѓаме во многу добра позиција во развојот на епидемијата. Статистиките го следат трендот и одат во вистинска насока“, кажа Симон.
Шпанија го пријави првиот смртен случај од КОВИД-19 на 3 март, а црниот рекорд беше достигнат на 2 април, кога имаше 950 починати. Таа е меѓу најпогодените држави од пандемијата, со над 240.000 заразени и 27.127 мртви.