Шпанија ја надмина бројката од 10.000 заразени со коронавирусот, додека починале 491 лице, објавија тамошните власти.
Во последните 24 часа починале 182 луѓе, најмногу во еден ден досега, а има и речиси 2.000 новозаразени, со што нивната вкупна бројка сега изнесува 11.178.
Шпанија сега е четврта најпогодена земја на светот, после Кина, Италија и Иран и од вчера е ставена во 15-дневен карантин.
„Очекуваме карантинот да трае и подолго од 15 дена“, изјави министерот за транспорт Хосе Луис Абалос.