Бројот на починати од КОВИД-19 во Шпанија е во пад четврти ден по ред, што ги зголеми надежите во земјата дека најлошото поминало.
Во последните 24 часа починале 637 луѓе, што е најмала дневна бројка од 24 март.
Шпанија, сепак, останува еден од најтешко погодените региони на светот откако досега починале 13.055 луѓе и се регистрирани 135.032 заразени, повеќе дури и од Италија. Досега заздравиле над 40.000 луѓе. Меѓу жртвите се и десет здравствени работници, а заразени се повеќе од 15.000.
„Стапката на раст е во опаѓање практички во сите делови од земјата“, изјавија од Министерството за здравство.