ШПАНИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН КАРАНТИН ЗА СИТЕ КОИ ВЛЕГУВААТ ВО ЗЕМЈАТА

    ШПАНИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН КАРАНТИН ЗА СИТЕ КОИ ВЛЕГУВААТ ВО ЗЕМЈАТАЗадолжителната самоизолација досега важеше само за Шпанците кои доаѓаа од Италија (Фото: ЕФЕ)

    Шпанија ќе воведе 14-дневен карантин за сите странци кои влегуваат во земјата, објави Министерството за здравство. Оваа мерка ќе стапи на сила в петок и ќе важи сѐ додека во земјата трае вонредната состојба. Таа истекува на 25 мај, но владата размислува за нејзино продолжување за уште две недели.

    Шпанија со оваа мерка оди по стапките на други европски држави кои исто така воведоа двонеделен карантин за сите странци. Мерката на задолжителна самоизолација досега важеше само за Шпанците кои доаѓаа од Италија.

    Во Шпанија досега има повеќе од 227.000 заразени со коронавирус и само во Русија и САД има повеќе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира