ШПАНСКИТЕ ВЛАСТИ ЈА КАЗНИЈА ОНЛАЈН КОМПАНИЈАТА „БУКИНГ“ СО РЕКОРДНИ 413 МИЛИОНИ ЕВРА

    ШПАНСКИТЕ ВЛАСТИ ЈА КАЗНИЈА ОНЛАЈН КОМПАНИЈАТА „БУКИНГ“ СО РЕКОРДНИ 413 МИЛИОНИ ЕВРАПазарниот удел на „Букинг“ во Шпанија за време на периодот под истрага бил меѓу 70 и 90 проценти

    Шпанските регулатори ја казнија онлајн компанијата „Букинг“ со рекордни 413 милиони евра за злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот во изминатите пет години.

    „Таквите практики влијаеја врз хотели лоцирани во Шпанија и други онлајн агенции за патувања кои се натпреваруваат со платформата. Нејзините одредби и услови создаваат неправедна нерамнотежа во комерцијалните односи со хотелите лоцирани во Шпанија. Со подоброто позиционирање на хотелите со повеќе резервации на ‘Букинг‘, други онлајн агенции беа спречени да влезат на пазарот или да се прошират“, се вели во соопштението на шпанската Агенција за заштита на конкурентност (ЦНМЦ).

    Ова е најголемата парична казна што некогаш била изречена од ЦНМЦ.

    Регулаторот рече дека пазарниот удел на „Букинг“ во Шпанија за време на периодот под истрага бил меѓу 70 и 90 проценти. Од „Букинг“ соопштија дека не се согласуваат со наодите на ЦНМЦ.

    „Ќе се жалиме на оваа одлука без преседан, при чие изрекување не биле земени предвид програмите што ги нудиме на нашите партнери за да им помогнеме да го зајакнат нивниот бизнис“, кажаа од „Букинг“.

    Онлајн туристичката агенција, чија матична компанија „Букинг холдингс има седиште во САД, е доминантен играч во Европа со пазарен удел од над 60 проценти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира