ШВАЈЦАРИЈА ГЛАСА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ШЕНГЕН ДОГОВОРОТ ЗА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

    ШВАЈЦАРИЈА ГЛАСА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ШЕНГЕН ДОГОВОРОТ ЗА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ЕВРОПСКАТА УНИЈАРеферендумот е иницијатива на десничарската Швајцарска народна партија (Фото: Ројтерс)

    Швајцарските гласачи утре на референдум ќе одлучат дали ќе го отфрлат договорот за слободно движење на луѓето со Европска Унија. Приврзаниците велат дека ова ќе ѝ овозможи на Швајцарија да ги контролира своите граници и да ги прима само оние мигранти кои ги сака.

    Според противниците на идејата, ова ќе ја втурне земјата во рецесија и ќе им ја одземе слободата на стотици илјади Швајцарци кои живеат и работат низ Европа. Министерот за правда изјави дека тоа би можело да доведе до ситуација полоша од брегзит.

    Швајцарија одамна реши дека нема да ѝ се придружи на Европската Унија, но дека сака да биде дел од договорот за слободна трговија и дека ќе соработува со Брисел во разни области. За возврат, таа мораше да прифати некои од главните столбови на ЕУ, како слободно движење на луѓето и отворени граници со останатите членки на Шенген зоната. ЕУ многупати ѝ има посочено на Швајцарија дека ако го отфрли слободното движење, ќе мора да излезе и од привилегираните трговски договори.

    Референдумот е иницијатива на десничарската Швајцарска народна партија и нејзиниот лидер Томас Еши смета дека земјата ќе има многу придобивки од раскинувањето на договорот. Тој не е загрижен дека со тоа ќе бидат поништени и трговските договори.

    „Единствениот ефект ќе биде што Французите ќе јадат помалку швајцарско сирење, а Швајцарците ќе јадат помалку француско сирење“, изјави Еши.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира