ШВАЈЦАРИЈА НА РЕФЕРЕНДУМ ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ ДА СЕ СПРЕЧИ УРБАНОТО ШИРЕЊЕ НА СМЕТКА НА ЗЕЛЕНИЛОТО

    ШВАЈЦАРИЈА НА РЕФЕРЕНДУМ ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ ДА СЕ СПРЕЧИ УРБАНОТО ШИРЕЊЕ НА СМЕТКА НА ЗЕЛЕНИЛОТОВо Швајцарија дневно се уништуваат зелени површини со големина на осум фудбалски терени (Фото: Ројтерс)

    Швајцарските гласачи на референдум го одбија предлогот да се спречи урбаното ширење преку замрзнување на големината на градежните зони и екологистите стравуваат дека ова ќе доведе до уништување на јавни простори.

    Обврзувачкиот референдум би дозволил отворање на нова градежна зона само доколку владата ослободи друго земјиште со големина на она предвидено за градење. Противниците на предлогот сметаат дека ова би ја покачило и онака високата цена на домувањето и тој беше одбиен со 64 проценти гласови.

    Поборниците на идејата велат дека со градењето во изминатите децении биле уништени илјадници хектари зелени површини, што на дневна база изнесува големина на осум фудбалски терени.

    „Иницијативата ги заштитува прекрасните пејсажи на Швајцарија, а со тоа и квалитетот на нашите животи“, велат од Партијата на зелените.

    Студиите покажуваат дека уште наредната година некои градови ќе мора да се шират надвор од предвидените области. Европската еколошка агенција вели дека Швајцарија е во десетте земји најпогодени од урбаното ширење, полошо од она во Холандија, Белгија, Лихтенштајн и Малта. Балкан и Скандинавија биле најмалку погодени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира