Швајцарците кои ќе ги убедат своите пријатели, колеги или роднини да се вакцинираат против ковид-19 може да бидат наградени, според предлог направен да се поттикне вакцинацијата.
Швјацарскиот министер за здравство Ален Берсет вчера кажа дека луѓето кои ќе охрабрат други да се вакцинираат ќе добијат ваучери од 50 франци. Ваучерите ќе можат да се искористат во ресторани или кина, на пример.
Шемата ќе функционира така што човекот што се вакцинира ќе го каже името на личноста што го убедила да го направи тоа, според предлогот на министерот. Предлогот сега е на јавна расправа, а конечната одлука ќе биде донесена во средината на месецов.
Во Швајцарија, целосно е вакцинирано 58,46% од населението. За владата, ова е премногу ниска бројка за да се укинат заштитните мерки, како на пример, носењето маски во јавниот превоз, кажа Берсет.