ШВЕДСКА ГИ УКИНУВА РЕЧИСИ СИТЕ КОРОНАМЕРКИ ОТКАКО ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАШЕ 70% ОД ВОЗРАСНОТО НАСЕЛЕНИЕ

    ШВЕДСКА ГИ УКИНУВА РЕЧИСИ СИТЕ КОРОНАМЕРКИ ОТКАКО ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАШЕ 70% ОД ВОЗРАСНОТО НАСЕЛЕНИЕШведска повторно бележи пораст на заразени, но смртноста од ковид-19 е многу ниска (Фото: Гети)

    Шведска до крајот на месецот ќе ги укине речиси сите преостанати коронамерки и ограничувања на јавни места, објави денеска владата.

    Во услови кога најголем дел од возрасното население е вакцинирано, Шведска постепено ги олеснуваше мерките во текот на летото. Иако бројот на заразени е повторно во пораст во изминатиот период, што се должи на попреносливиот делта сој, смртноста од ковид-19 остана многу ниска.

    Шведскиот пристап кон пандемијата доста се разликуваше од остатокот на светот, откако земјата одби да воведе строг карантин и силно се потпираше врз доброволни препораки за социјално дистанцирање и одржување хигиена. Сепак, јавните собири и местата како ресторани и барови оперираа со ограничен број луѓе, што целосно ќе биде укинато на 29 септември, исто како и препораката да се работи од дома.

    „Важната порака што ја испраќаме е дека правиме дополнителни чекори кон враќањето во нормален живот“, изјави министерката за здравство Лена Халенгрен.

    Повеќе од 70% од Швеѓаните над 16 години се целосно вакцинирани, а 81,6% од лицата над 18 години примиле барем една доза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира