ШВЕДСКА 34 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ГО ОТКРИ УБИЕЦОТ НА БИВШИОТ ПРЕМИЕР УЛОФ ПАЛМЕ

    ШВЕДСКА 34 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ГО ОТКРИ УБИЕЦОТ НА БИВШИОТ ПРЕМИЕР УЛОФ ПАЛМЕПалме беше застрелан во 1986 година на една од најпрометните улици во Стокхолм (Фото: Гети)

    Шведските обвинители го открија името на убиецот на поранешниот премиер Улоф Палме, ставајќи крај на една од најголемите мистерии во поновата историја на Европа.

    Тие го идентификуваа како Стиг Енгстрем, кој изврши самоубиство во 2000 година.

    „На овој начин ја затвораме истрагата за смртта на Палме“, изјави главниот јавен обвинител Кристер Петерсон.

    Палме беше застрелан во 1986 година кога се враќаше дома од кино, заедно со сопругата Лизбет. Убиството што ја шокираше Европа се случи на една од најпрометните улици во Стокхолм и 20-ина сведоци кажаа дека виделе висок маж како бега. На крајот, за убиството беше осуден еден ситен криминалец, за набргу да биде ослободен.

    Енгстрем бил меѓу сведоците на пукањето и дури тврдел дека се обидел да го оживее Палме. Новинарот Томас Петерсон прв го истакна Енгстрем како главен осомничен и полицијата почна да го истражува 18 години по неговата смрт. Притоа било заклучено дека го убил Палме поради неговите левичарски ставови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира