ШВЕДСКА И ДАНСКА ГИ ИСТРАЖУВААТ МИСТЕРИОЗНИТЕ ИСТЕКУВАЊА НА ГАС ОД РУСКИТЕ ГАСОВОДИ КОН ЕВРОПА

    ШВЕДСКА И ДАНСКА ГИ ИСТРАЖУВААТ МИСТЕРИОЗНИТЕ ИСТЕКУВАЊА НА ГАС ОД РУСКИТЕ ГАСОВОДИ КОН ЕВРОПАДвата гасовода моментално не се во функција, но содржат гас (Фото: АФП)

    Данска и Шведска почнаа истрага за необјаснивото истекување на рускиот гас од гасоводите кои поминуваат под Балтичкото Море близу нивните територии.

    Поморските власти на Шведска испратија предупредување за две истекувања од Северен тек 1 набргу откако беше откриено истекување од соседниот Северен тек 2, што ја натера Данска да воведе ограничувања во бродскиот превоз.

    Двата гасовода се во центарот на енергетската војна помеѓу Русија и Европа, што ги тресе западните економии и доведе до поскапување на гасот. Иако моментално не испорачуваат гас во Европа, тие и натаму содржат гас под притисок и овие инциденти дополнително ќе ги попречат напорите за нивно евентуално рестартирање.

    Вчера е забележано истекување од Северен тек 2. Гасоводот не е во функција, но содржи природен гас, кој сега истекува. Сега сме известени дека има уште две истекувања од Северен тек 1, кој исто така моментално не работи, но содржи гас. Не знаеме што е причината“, изјави данскиот министер за енергетика Дан Јоргенсен.

    Русија минатиот месец престана да испорачува гас во Европа преку Северен тек 1, обвинувајќи ги западните санкции за технички проблеми. Северен тек 2 беше довршен непосредно пред почетокот на руската инвазија на Украина и не ни почна со своите комерцијални операции, зашто проектот беше блокиран од Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира