ШВЕДСКА И ФИНСКА ЕКСПРЕСНО ЌЕ БИДАТ ПРИМЕНИ ВО НАТО АКО АПЛИЦИРААТ, ВЕЛИ СТОЛТЕНБЕРГ

    ШВЕДСКА И ФИНСКА ЕКСПРЕСНО ЌЕ БИДАТ ПРИМЕНИ ВО НАТО АКО АПЛИЦИРААТ, ВЕЛИ СТОЛТЕНБЕРГСтолтенберг вели дека двете земји ќе бидат прифатени со раширени раце во НАТО (Фото: НАТО)

    НАТО е подготвено по брза постапка да ги прими Шведска и Финска ако поднесат барање за членство, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.

    „Секоја држава сама решава дали ќе аплицира за членство, но тие ќе бидат прифатени со раширени раце во НАТО ако изберат да пристапат“, кажа Столтенберг.

    Двете скандинавски држави досега практикуваа воена неутралност, но руската инвазија на Украина го промени мислењето на тамошните влади и ја зголеми поддршката на јавноста за членството во НАТО. Тие планираат истовремено во мај да поднесат барање за членство.

    „Формалниот процес на придружување ќе биде брз ако Шведска и Финска аплицираат. НАТО ќе им даде поддршка на двете земји и во преодниот период од аплицирањето до ратификацијата“, изјави шефот на западната воена алијанса.

    „Руската инвазија на Украина го промени целиот безбедносен пејзаж во Европа и драматично го обликуваше размислувањето во Скандинавија“, заклучија неодамна шведската и финската премиерка Магдалена Андерсон и Сана Марин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира