ШВЕДСКАТА ВЛАДА СТРАВУВА ОД ТРЕТ БРАН НА КОРОНАВИРУС, ПА ЗА ПРВПАТ НАЈАВИ ЗАТВОРАЊЕ ЈАВНИ МЕСТА

    ШВЕДСКАТА ВЛАДА СТРАВУВА ОД ТРЕТ БРАН НА КОРОНАВИРУС, ПА ЗА ПРВПАТ НАЈАВИ ЗАТВОРАЊЕ ЈАВНИ МЕСТАШведскиот пристап кон коронавирусот досега се потпираше само на препораки (Фото: Гети)

    Шведската влада претстави мерки што за првпат од почетокот на пандемијата ќе ѝ овозможат да воведе локални карантини и да затвора јавни места, како трговски центри, ресторани, базени, теретани и спортски објекти. Мерките произлегуваат од законот за пандемија, што парламентот по брза постапка го усвои минатиот месец и кој треба да стапи на сила на 11 март.

    Мерките ги најави министерката за здравство Лена Халенгрен, додавајќи дека владата сака да избегне трет бран на коронавирус.

    Можеби ќе биде неопходно да затвориме делови од шведското општество. Загрижувачки е што бројот на нови случаи на зараза расте. Го следиме развојот со голема загриженост. Постои реална можност од трет бран на коронавирус“, изјави Халенгрен.

    Декретот за затворање“ ќе ѝ овозможи на владата да затвора јавни места и несуштински бизниси, но за одлуката претходно ќе мора да се расправа и во парламентот.

    Во моментов ништо не затвораме, туку владата сака да има спремни мерки, што ќе може да се применат во иднина, во случај на сериозен трет бран“, кажа Халенгрен.

    Шведски пристап кон коронавирусот е светски познат и се базираше на одговорноста на поединците, без да се воведат строги ограничувања и национален карантин. Владата само излезе со препораки.

    Сепак, во изминатите месеци, и Шведска почна постепено да ги заострува мерките. Бројот на нови случаи на коронавирус беше во пад од средина на декември, но стагнираше во последно време и дури почна да се покачува, поради што здравствените власти се загрижени дека земјата се движи кон трет бран.

    Шведска досега регистрираше 618.000 случаи на зараза и 12.500 починати од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира